Connect with us

Ракомет

Македонија стартува на СП, познат составот за дуелот со Јапонија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез одлучи со кои шеснаесетмина ќе се обиде да ги освои првите бодови на Светското првенство.

Македонија попладне со почеток од 15 часот и 30 минути во Минхен се среќава со Јапонија во првиот меч од Б-групата.

Селекторот Раул за овој натпревар ќе смета на: Борко Рисовски, Никола Митревски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марио Танкоски и Филип Чурлевски.

Друга шанса за учество на Мундијалот ќе чекаат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com