Ракомет
Македонија вечерва против домаќинот Египет, но и против екс тренерот на Вардар со кој ја покорија Европа
По убедливиот пораз од Шведска на стартот од Мундијалот, македонската ракометна репрезентација вечерва во 18:00 часот го игра вториот меч. Противник е домаќинот Египет. Секогаш е тешко да се игра против домаќин на еден собир, а доколку сакаме позитивен резултат мора многу, многу да се поправи играта во однос на онаа против Шведска. Египет стартуваше со победа, проти Чиле, селекција против која ние играме за два дена.

Селектор на Египет е Роберто Гарсија Парондо, добро познато тренерско име во Македонија. Токму Парондо со екипата на Вардар ја освои Лигата на шампионите, а едно време му беше асистент на Раул Гонзалес кога ја предводеше македонската ракометна селекција. Тоа значи дека задачата на Македонија вечерва ќе биде уште потешка бидејќи е сигурно дека тој подобро ја познава нашата селекција, токолку нашиот стручен штаб што ја познава селекцијата на Египет.