Connect with us

Ракомет

Македонија вечерва против Тунис, директна битка за прво место групата во Президент купот

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 18:00 часот игра против Тунис во рамките од т.н Президент куп, односно разигрувањето за послабите места. По убедливата победа против Алжир селекторот Кире Лазаров и ракометарите се надеваат на нова победа. По првите мечеви во оваа фаза, Македонија и Тунис имаат по два бода, па ова практично е битка за првото место во групата во Президент купот. Два бода има и Мароко, но од два меча, бидејќи пред малку го совлада Алжир со 28:27.

Инаку, Тунис на првиот меч го совлада Мароко со 30:25.