Connect with us

Ракомет

Македонија високо поразена од Холандија

Македонија загуби попладнево во Скопје од Холандија со 15:30 во рамките на Европското женско ракометно првенство.

Подобри од избраничките на Љубомир Савевски беа поранешните светски шампионки, ракометарките на Холандија, кои попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ славеа со 15-30 (9-17).

Сара Ристовска со три гола се истакна во редовите на македонската репрезентација и беше прогласена за играч на натпреварот.