Connect with us

Ракомет

Македонка влезе во историјата на руски клуб!

Македонската ракометарка Сара Ристовска влезе во историјата на рускиот клуб ЦСКА Москва како најдобар стрелец на тимот. Имено, Ристовска на 152 меча постигнала 475 голови што ја прави најдобра поентерка во историјата на рускиот тим. На последниот натпревар против Ростов Дон во финалната серија нашето десно крило реализираше пет голови. Ристовска успеа да го престигне досегашниот рекордер на листата на најдобри стрелци во историјата на клубот Антонина Скороботченко кој застана на 473 голови во 124 натпревари.