Фудбал
Македонската легенда стави крај на својата фудбалска кариера со емотивно видео
Македонската легенда во историјата на фудбалот во интервју за реномираната Газета дело спорт, објави крај на фантастично богатата кариера во која играл фудбал. Нашиот Гранде изјави дека сака повеќето време во иднина да го посвети на децата и сопругата за кои немал доволно време во текот на кариерата.
Погледнувам назад и сè уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа во ова патување… Им благодарам на моето семејство, сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софија кои ми беа најголемата поддршка.
Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозможија да го остварам мојот сон… Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас ќе не можев да го направам сето ова… Им благодарам на сите тренери, претседатели и директори за нивната доверба и за се што научив од нив. Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен, сакам сите да ве гушнам… Завршува едно прекрасно поглавје. Во мене носам големо богатство на емоции и среќен сум што го споделив со вас… Со цело мое срце… Горан.
View this post on Instagram