Connect with us

Други спортови

Македонскиот атлетичар Роберто Димитриевски го освои првото место на „Килкис Треил 2024“

 Роберто Димитриевски од атлетскиот клуб Велес викендот во Кукуш, Грција, стигна прв на целта и го освои златниот медал на „Килкис Треил маратон“ 2024 насловен „По патот на хероите“.

Патеката долга 4.800 метри, Димитриевски ја истрча за 23:24 минути.

Втор на целта стигна уште еден Македонец, Валентин Михајловски од АК „7 Ноември“ од Гевгелија со време 25:31 минути, а трет грчкиот атлетичар Кирјанос Сапедикис со време 28:25 минути.

Во изјавата за МИА, Димитриевски потенцира  дека е горд што го освоил првото место во родниот град на  Гоце Делчев, а неговата победа воедно на најубав начин преку спортот и дружењето е   камче плус во мозаикот на добрососедските односи и пријателство меѓу двата соседни народи. Тој појаснува дека грчките атлетичари  со кого цело време се тркал за првото место  на крајот му подале рака и му ја честитале победата.

-Трчав на непознат терен со многу угорнини и надолнини и други препреки во карпи со провалии ,а потоа низ шума со некои шумски животни кои беа на патот. Беше многу  топло и напорно но успеав уште на почетокот да им избегам на останатите натпреварувачи и  стигнав прв на целта. Многу сум среќен и горд што преку спортот се  дружиме и на најубав начин ги зајакнуваме врските и пријателствата меѓу двата соседни народи, истакна Димитриевки при примање на пехарот.

Инаку, освен на 4.800 метри, се одржа и трка на 19.000 метри, во која дисциплина немаше пријавено македонски атлетичари.

Димитриевски веќе  од денес на патеката во Градскиот парк во Велес започна со подготовки за маратонот на 22 јуни во Грција „По  патеките на Свети Апостол Павле“ што ќе се трча од Метхони до Пидна – археолошкото наоѓалиште.

Advertisement