Connect with us

Фудбал

Македонскиот репрезентативец Адеми стрелаше, Динамо во 97 минута испушти победа против Шахтјор

Динамо Загреб во судиското продолжение испушти победа против Шахтјор. На домашен терен одигра 3:3 иако имаше водство до 90.минута.  Украинците поведоа со голот на Патрик во 13 минута, израмни Петковиќ десет минути подоцна.

Целосен пресврт се случи со 83.минута кога Иванушиќ носи преднос на хрватскиот шампион. Македонскиот репрезентативец Адеми во 89.минута зголеми на 3:1, на 3:2 намали Мораес во 93.минута, а во седмата минута од судиското продолжение Шахтјор погоди преку Тете од пенал за конечни 3:3. Двата тима мечот го завршија со играч помалку.

Во Групата Ц лидер е Манчестер Сити со 10 бодови, по 5 имаат Шахтјор и Динамо Загреб, Аталанта првиот бод го освои проитв „граѓаните“ вечерва откако одигра 1:1 на домашен терен.