Connect with us

Кошарка

Македонскиот селектор нема да биде со играчите во Грузија, прво забрана за влез во Косово, а сега позитивен на корона

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ нема да биде со кошаркарите на гостувањето во Грузија во рамките од квалификациите за Светскиот куп во 2023-та година, меч закажан за 24-ти февруари. Прво тој доби забрана за влез во Косово, од каде требаше да полета експедицијата, прво за Истанбул, а потоа за Тбилиси, бидејќи е босански државјанин, а за нив е потребна виза за влез во оваа земја. Но, новите информации велат дека Бајиќ добил и позитивен тест на коронавирус, па ќе остане во Скопје. Неизвесно е дали тој ќе може да ја води селекцијата и на мечот во салата „Јане Сандански“ на 27. февруари. Македонија по две кола е последна во групата откако ги загубивме мечевите против Шпанија и Украина.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација не може да влезе во Косово