Connect with us

Тајмаут

Македонскиот шампион и по гледаност меѓу првите четири

Утре, со почеток во 15:15 во Келн, се игра Ф4 од Лигата на шампионите во ракомет, во кое ќе игра и нашиот а воедно и Европски шампион, Вардар.

Покрај тоа што повторно е меѓу најдобрите четири екипи на Стариот континент, нашиот првак е трет најгледан клуб во ЕХФ Лигата на шампионите со 5.168 гледачи по натпреварот во СЦ „Јане Сандански“.

Најгледаниот клуб во европското елитно натпреварување со години е германскиот Кил, чијашто Спаркасен Арена е речиси секогаш наполнета во текот на сезоната (просек од 9.387 гледачи).

Втор на листата ППД Загреб, која, и покрај скромните резултати, го гледаат во просек 6,663 фанови од трибините на Арена Загреб.

Четвртиот е Веспрем со повеќе од 5.000 обожаватели, петтиот е Нант, а  со 3.729, Металург е на 21. место.

Европскиот шампион Вардар утре во 18:00 часот ќе ги одмери силите со Францускиот Монпеље.