Поврзи се

Кошарка

Македонските кошаркарки подготвени за реваншот со Италија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија од 18 часот и 30 минути и гостува на Италија.

Избраничките на селекторот Марјан Лазовски утринава одржаа еден полесен тренинг во салата Пала Равица и подготвени го дочекуваат натпреварот од евро-квалификацискиот циклус, во рамки на вториот прозорец.

Македонија во ноември минатата година, на домашен терен и загуби од Италија со 61:52, па сега има шанса за реванш.

– На претходниот натпревар (против Хрватска) се предадовме прерано. Натпреварот го изгубивме пред да излеземе на паркетот. Денес не смееме да си го дозволиме тоа. Мораме да бидеме „прибрани“ во мислите и сигурни во играта. Грешките од пред неколку дена да ги сведеме на минимум и да заиграме како што знаеме, изјави Лазовски за веб страницата на МКФ.

ФОТО

loading...

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com