Connect with us

Ракомет

Македонските млади ракометарки го освоија шестото место на ЕХФ шампионатот во Скопје

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години доживеаа пораз од Исланд во последниот меч на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Нашите ракометарки беа максимално рамноправни со врсничките од Исланд, па регуларниот дел заврши без победник 28-28. Поради ова се шутираа пенали во кои подобро се снајдоа гостите и со вкупно 32-30 дојдоа до петтата позиција на овој турнир.

Ивана Џатевска со шест гола беше најефикасна во македонската репрезнетација, еден помалку даде Андреа Седлоска.

Кај Исланѓанките листата на стрелци ја преводеше Елварсдотир со осум погодоци.