Ракомет
Македонските надежи ја победија Украина и го освоија петтото место на ЕХФ шампионатот
Македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години ја совлада соодветната селекција на Украина со 26:23 во пресметката за петтото место на ЕХФ шампионатот кој се игра во Варна, Бугарија. Иако во првото полувреме и на моменти во вториот дел водството на двете селекции се менуваше, сепак најголемата предност од плус 4 Македонија ја имаше во последниот период од мечот кога поведе со 23:19. До крајот на натпреварот Украинците единствено успеаја на моменти да ја намалат негативата на минус два гола, но тоа беше се што можеа да сторат.
Петковски беше стрелец на седум гола, пет имаше Шулески, додека еден помалку запиша Тодески. Галевски запиша седум одбрани, Брестовац три.