Други спортови
Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП
Македонските одбојкари попладнево од 13 часот во Тампере против репрезентацијата на Турција го играат третиот натпревар на Европското првенство.
Турците, наспроти нашите два порази на стартот, имаат две победи. Откако славеа над Русија во првото коло, четата на Озбеј се радуваше и против Шанија со 3-1 и се наоѓа на второто место во групата зад Холандија.
Во преостанатите денешни два натпревари во групата Ц, Шпанија ќе игра со Финска, а Холандија со Русија.