Connect with us

Ракомет

Македонските ракометари на интензивни подготовки

Македонската ракометна репрезентација продолжува со интензивните подготовки за претстојното Европско првенство во Хрватска. Во рамките на Европската ракометна лига која заврши во сабота, тренерите и 21 играч заедно работеа цела недела.

Македонија не одигра ниту еден контролен натпревар бидејќи тренерот Раул Гонзалес имаше желба од блиску да работи со екипата. По подготовките тој изјави дека се уште е рано да се каже како ќе играат во Хрватска. Инаку, Македонија ќе се бори против Црна Гора, Словенија и Германија.

„Не знам како ќе играме. Имавме многу добри квалификации. Сега треба да се концентрираме на ЕП. Не знам точно како ќе играме, но знам дека ќе бидеме подготвени. За една недела ќе играме три средби. Се може да се случи, ќе видиме“, рече Раул Гонзалес- тренер на Македонија.