Ракомет
Македонските ракометари во мундијалските квалификации, противници Романија и Чешка
Македонскитре ракометари не успеаа да ја поминат групната фаза од Еевропското првенство, но сдега имаат шанса да се поправат доколку се пласираат на Светското првенство, кое се игра во 2023 во Шведска и Полска.
Македонија во првиот круг од баражот ја добија Романија, а доколку ја совладаме селекцијата на Романија, тогаш следен противник е селекцијата на Чешка.
Првите бараж дуели, односно натпреварите меѓу Македонија и Романија се играат од 14 до 20 март. Првиот дуел од овој двомечот ќе се игра во Скопје на 14 март, а реваншот на теренот на противникот шест дена подоцна.
Вторите бараж дуели на програмата се меѓу 11 и 17 април. Доколку Македонија го мине првиот бараж, во дуелот со Чешка првиот меч ќе се игра во гости, а реваншот е во Скопје.