Connect with us

Ракомет

Македонските ракометарки го добија противникот, ова е последната пречка до Мундијалот

Противник на македонската женската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство 2021 е репрезентацијата на Романија.

Ова е епилогот по денешната жрепка во која познати се и другите двојки.

Романија ќе биде домаќин на првиот меч на 16. или 17. април, а реваншот се игра во Скопје на 20. или 21. април

Мундијалот ќе се одржи на крајот на годинава во Шпанија.

Двојки за другите плејоф пресметки:
Турција – Русија
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија.