Connect with us

Ракомет

Македонските ракометарки имаа сила само за едно полувреме против Норвешка

Македонската женска ракометна репрезентација загуби со 27:37 во втората контрола со Б составот на Норвешка. Во израмнетото прво полувреме, Норвежанките успеаја со серија од неколку последовни гола во финишот да избегаат на два гола предност на паузата. Во вториот дел Норвешка ја потврди разликата во квалитетот и избега на висока разлика и го затвори дуелот со убедлива победа од 10 гола.