Ракомет
Македонските ракометарки ја почнуваат битката за пласман на Светско
Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат три натпревари во претстојните квалификации (прва фаза) за обезбедување бараж натпревар за Мундијалот 2019.
Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде Азербејџан вечер во 18 часот.
Избраничките на селекторот Симе Симовски во истиот термин утре се среќаваат со Исланд, додека в недела од 20 часот Македонија игра против Турција.
Сите натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Влезот е слободен.