Connect with us

Ракомет

Македонските ракометарки вечерва против Холандија, Савевски вели: Со полна сала до изненадување

По убедливиот пораз на стартот од Франција со 24:14 на ЕП, чиј кодомаќин е Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора, ракометарките вечерва го играат вториот меч. Противник е силната селекција на Холандија, но има оптимизам во нашиот состав.

– Холандија ја победи Норвешка со 10 гола разлика и тоа доволно зборува против каква селекција ќе играме. Треба да сме објективни, но ќе се обидеме да ги изненадиме, вели селекторот Љубомир Савевски.
Сепак, македонските ракометарки и стручниот штаб не се откажуваат пред време. Во спортот се случуваат изненадувања, па на такво нешто се надеваат и тие.

-Најмногу работиме на мотивацијата на ракометарките, важно е да имаме наш ден и голманот да биде на ниво, со поддршката од полна сала ќе се обидеме да изненадиме, вели Савевски.

Македонската репрезентавција мечот против Холандија го игра вечерва со почеток во 18:00 часот во салата „Борис Трајковски“.