Connect with us

Ракомет

Македонските судии Начевски и Николов вечерва влегуваат во историјата

Вечерва се игра финалето во ЛШ во ракомет, помеѓу Барселона и Алборг со почеток во 18:00 часот. Она што е битно за нас во Македонија е тоа што финалето ќе го суди македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои вечерва ќе влезат во историјата како први македонски судии кои суделе ракометно финале.

Секако ова е уште едно признание за нив од многубројните важни мечеви на кои ја делеле правдата. Претходно Начевски и Николов ја делеа правдата на финалните мечеви на Европско и Светско првенство, но и на Олимписките игри.

Advertisement