Ракомет
Македонското дуо Начевски-Николов ќе судат на Европското во Хрватска
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од 12-те судиски парови кои ќе судат на Европското првенство во ракомет што во јануари 2018 година ќе се одржи во Хрватска.
Ова за македонската двојка е ново големо натпреварување откако во последните години постојано се дела од Европските првенства, Светските првенства, завршните турнири во Келн од ЛШ, Супер Глоуб купот како и Олимписките игри.