Ракомет
Македонци ќе го судат дербито во Полска
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата во големото полско дерби помеѓу Виве Кјелце и Висла Плоцк.
Токму поради искуството од големи мечеви, но и статусот на едни од најдобрите судии, Полјаците се решија странци да им делат правда, за да нема поплаки за арбитражата.
Македонскиот судиски тандем, кој веќе 15 години е во врвот на светскиот ракомет, а судеа и финале на Олимписките игри, како круна на кариерите повикани се да го судат дербито помеѓшу најголемите ривали во полскиот ракомет.