Фудбал
Макси Лопез ја „нападна“ Ванда: Каква мајка си ти, ги однесе децата во жариштето на коронавирусот
Веројатно на сите добро позната е приказната дека манакенката Ванда Нара го остави Макси Лопез и се омажи за неговиот девет година помлад соиграч, но и добар пријател, Мауро Икарди. Меѓу нив се создаде големо непријателство.
Прозивките на оваа „тројка“ се појавуваат во медиумите, а последната реакција стигна поради тоа што Ванда Нара ги однесе децата во Ломбардија, па поради тоа Макси Лопез „полуде“.
-Каква си ти мајка? Ги однесе нашите деца од Париз во жариштето на заразата. Ме интересира поради која причина го прекрши карантинот? Владее глобална пандемија, а ти со нашите деца отпатува од Париз во Милано. Каква си ти тоа мајка?
Ванда Нара и Макси Лопез имаат три сина од бракот кој траеше до 2013-та година, по што таа го „откачи“ и замина со Мауро Икарди, откако додека беа и во брак со Макси Лопез, се гледала со неговиот најдобар пријател.
Децата во моментов се наоѓаат во семејната вила во Комо, во регионот во кој починале преку 6 илјади лица од коронавирусот.