Тајмаут
Макси Лопез спреми тужба за Ванда и неговиот „најдобар пријател“ Икарди
Макси Лопез и Ванда Нара поминаа низ турбулентен развод откако Ванда заврши со Мауро Икарди, добар пријател и соиграч на Макси во Сампдорија.
Сега Макси Лопез поднесе тужба против неговата поранешна сопруга, бидејќи Ванда го делеше својот приватен телефонски број и лични информации преку социјалните мрежи, со желба целосно да ја уништи репутацијата и приватноста на играчот, тврди Лопез.
Судењето е закажано во Милано на 22 ноември оваа година. Според адвокатот на Ванда, таа е уверена дека може да докаже невиност и да ги ослободи сите обвинувања на Лопез.