Connect with us

Фудбал

Малдини за коронавирусот: Бев „мртов“ по 10 минути

Легендата на Милан, Паоло Малдини, кој сега е спротски директор на клубот, беше заразен со коронавирус. За среќа ја победил болеста.
Малдини сега работи за да се опорави целосно, а во меѓувреме заедно со Дел Пјеро, Тоти и Занети објави видео запис.

Четирите легенди и поранешни капитени на италијанските клубови Милан, Јувентус, Рома и Интер, на овој начин се присетија на старите мечеви и дерби пресметките.
Но, Малдини зборуваше и за коронавирусот.

-Заминав до теретана и прв пат по сето она што ми се случуваше, по 10 минути бев „мртов“, но тоа не е поради тоа што имам 52 години, вели Малдини.
Да потсетиме дека и неговиот син беше заразен, но по 20-тина дена ја победија болеста.