Connect with us

Тајмаут

Малиот русокос ангел стана вистински ѓавол: Поранешната тенисерка призна дека денес прави се за пари

Поранешната тенисерка Ешли Харклрод започна нова кариера, која започна со жешки видеа на Инстаграм и отворање на профил на платформата Onlyfans.

Уште во 2008 година беше јасно дека поранешната професионална тенисерка од американска националност е предодредена да се пробие во светот на забавата. Тогаш поранешната 39. тенисерка на светот позираше гола на насловната страница на машкиот магазин Плејбој.

Ешли и денес заработува преку еротска содржина, подготвена е, како што своевремено кажа, да направи се за да ги задоволи своите „клиенти“, а тоа најмногу го прави на веб-страницата Onlyfans. Таа објави и едно домашно по*но видео со нејзиниот долгогодишен партнер и поранешен играч Чак Адамс, кој се најде на гореспоменатата страница. Пред Чак, таа беше со друг тенисер, Алекс Богомолов, со кој се омажи во 2004 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Harkleroad (@ashleyharkleroad)

Таа најпрво ги објави своите жешки фотографии на Инстаграм, а потоа отвори профил на платформата за возрасни Onlyfans каде објавува работи кои сепак го надминуваат дозволеното.

„Сакав да покажам дека спортистките, кои имаат мускулести и силни тела, се убави пред Бога како и моделите“, изјави Харклрод.

Оваа 165 сантиметри висока тенисерка своевремено играше со сестрите Вилијамс, против Марија Шарапова, но сето тоа го остави на страна – турнири, тренинзи, патувања, да ужива во она што ја прави среќна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Harkleroad (@ashleyharkleroad)

Малиот ангел со руса коса го избра својот пат и тврди дека не се кае за ништо и дека е задоволна од тоа како поминало се.

Имаше забележителни настапи на Грен слем турнирите, за малку ќе ја победеше Шарапова на Австралија Опен, а Серена еднаш ја опиша како „храбра девојка која има исклучителни тениски способности“.

Но, се чини дека покрај тенисот има и некои други способности …