Connect with us

Фудбал

Малото момче беше вознемирено покрај Ибрахимовиќ, па фудбалерот покажа колку е голем човек (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена ја покажа и својата добра страна која којзнае поради што ја крие од јавноста.

Тоа се случи во тунелот на стадионот „Дингти Хит“ пред натпреварот во кој Ибрахимовиќ како капитен го предводеше Галакси.

Пред натпреварот шведскиот напаѓач смири едно детенце кое беше прилично нервозно и очигледно имаше трема затоа што се наоѓаше во негова близина.

„Нервозен сум“ кратко му кажа детенцето на Ибрахимовиќ кој веднаш праша „Како? Зошто? Сега си како мене?“.

Во тој момент Ибрахимовиќ му го даде клупското знаменце кое се разменува во пресрет на секој натпревар.

„Уживај во моментот, треба само тоа да го сториш“ му дофрли Ибра на момчето.