Кошарка
Мама и натаму се прашува, Дончиќ ја загуби правната битка

Лука Дончиќ, еден од најдобрите светски кошаркари, стави крај на судскиот спор со неговата мајка Мирјам Потербин, кој започна есента поради контролата врз брендот „Лука Дончиќ 7“.
Членот на Далас Лука Дончиќ на тој начин ја заврши правната битка со неговата мајка, која остана сопственик на правата на неговиот бренд. Да потсетиме, словенечкиот кошаркар сакаше да регистрира сопствен бренд под името „Лука Дончиќ“, но од канцеларијата за регистрација одбија бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“. Неговата мајка не сакала да се откаже од своите права, па нејзиниот син во септември започнал правен спор против неа, од кој на крајот се повлекол. Во спорот не се мешал таткото Саша Дончиќ, поранешен кошаркар.
Откако нејзиниот син ги оспорил нејзините права, Миријам Потербин поднела барање до судот да го одбие барањето на Лука, бидејќи, според нејзините адвокати, „тој немал валидна основа за оспорување на регистрацијата“. Имено, синот и го доверил управувањето со брендот „Лука Дончиќ 7“ на својата мајка, што таа го докажала со валиден потпис.
Како настанал проблемот? Лука Дончиќ (23) во јули 2021 година преку своите адвокати писмено ја известил мајка си дека ја повлекува согласноста, бидејќи ја основал фирмата „Luka99 INc“ преку која ја поднел жалбата. Пред почетокот на сезоната 2021/22, кошаркарот откри ново лого кое веќе го има на сите негови патики и облека од брендот Џордан, кое ги вклучува неговите иницијали (LD), бројот на дресот (77) и S што ја претставува Словенија.
Сепак, неговите обиди да се регистрира беа одбиени од USPTO (Американска канцеларија за патенти и трговски марки) со образложение дека трговската марка „Лука Дончиќ 7“ веќе постои. На крајот синот и мајката нашле заеднички јазик и судскиот спор завршил.