Ракомет
Манасков: Фала ви за се, мангупишта!
Филип Миркуловски, Столе Стоилов ги одиграа последните мечеви за македонската ракометна репрезентација, секако заедно со Кире Лазаров. Синоќешниот меч против Чешка, каде со победа обезбедија СП за Македонија, беше последен за Миркуловски и Стоилов.
По повод ова на социјалните мрежи се огласи Дејан Манасков кој напиша.
– Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за се мангупишта. Ќе фалите, порача Манасков.