Ракомет
Манасков и Веспрем без мака – разочарување за Лазаров
Веспрем ја продолжи серијата импресивни игри во Лигата на Шампионите со нов убедлив триумф, од 39-24 на дуелот против Целје. Данскиот тим победи со 32-24 и дојде до четврта победа во четири кола во групата Б. Нант има една победа и три порази. Нант беше надигран, во двете полувремиња примија по 16 гола.
Манасков и соиграчите уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот, поведувајќи со 18-11, за во вториот дел да стигнат до двоцифрена предност и конечен триумф од „плус петнаесет“. Македонскиот крилен ракометар постигна три гола од четири обиди, а најефикасни во таборот на Веспрем беа Нилсон со шест и Борозан со пет погодоци.
Ракометарите на Нант разочараа на гостувањето против Алборг, губејќи од шампионот на Данска 32-24.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Кјелце – Мешков Брест 34:27 (18:11)
Табела: 1.Кјелце 6, 2.Флензбург 6, 3.Мешков 4, 4.Порто 2, 5.Елверум 2, 6.ПСЖ 0, 7.Вардар 0, 8.Пик Сегед 0
ГРУПА Б
Алборг – Нант 32:24 (16:9)
Кил – Мотор Запорожје, одложено
Веспрем – Целје 39:24 (18:11)
Барселона – ППД Загреб 20.45 ч.
Табела: 1.Веспрем 8, 2.Алборг 8, 3.Барселона 6, 4.Кил 4, 5.Нант 4, 6.Мотор 3, 7.ППД Загреб 0, 8.Целје 0