Ракомет
Манасков ќе се бори за европска титула пред празна „Ланксес Арена“
Завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, што треба да се одржи на 28 и 29 декември во Келн, ќе се игра без публика. Преубавата „Ланксес Арена“ ќе остгане празна за време на новогодишниот викенд, кога ќе биде познат европскиот првак за сезоната 2019/20.
Сите четири полуфиналисти ќе бидат сместени во „балон“, а во Келн ќе биде и еден македонски репрезентативец – левото крило Дејан Манасков кој ги брани боите на Веспрем.
На овој турнир ќе учествува и еден македонски репрезентативец, Дејан Манасков кој ги брани боите на унгарскиот клуб Веспрем. Иако Германија влегува во строг карантин од среда до 10 јануари, сепак натпреварувањето нема да се одложи.
Германија влегува во строг карантин од среда до 10 јануари, како една од мерките во борбата против пандемијата на коронавирус.