Connect with us

Ракомет

Манасков негираше, нема да го носи дресот на Динамо Букурешт

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков кој моментално настапува за Веспрем, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, но не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Мидиумите во Романија пишуваа дека Манасков е блиску до договор со Динамо Букурешт, и најверојатно следната сезона ќе го носи дресот на гигантот од Романија.

Набрзо по шпекулациите следеше реакција на македонскиот ракометар преку социјалните мрежи.

Манасков кратко и јасно порача дека тоа се лажни вести и следната сезона сигурно нема да го носи дресот на тимот од Романија.

Реклама

Facebook