Connect with us

Ракомет

Манасков: „Одбраната треба да биде нашето најсилно оружје на ЕП во Хрватска“

Македонската ракометна репрезентација во рамките на неделата на ЕХФ одработува тренинзи во СРЦ Кале, каде селекторот Раул Гонзалез ги реализира своите замисли.

Селекторот сакаше оваа недела да не играме натпревари и само да тренираме. Одработевме околу 10-тина тренинзи. Добро работиме иако не сме комплетни. Акцент беше ставен на одбраната, а нападот е добар бидејќи долго сме заедно. Одбраната треба да биде нашето најсилно оружје на ЕП во Хрватска. Имаме промени во одбраната пред се во 6-0, а повредите на играчите не спречија и друга одбрана да пробаме да играме. Но, кога ќе бидеме комплетни ќе вежабаме и друг вид одбрана, изјави репрезентативецот Дејан Манасков.
На подготовките во посебна група работеа играчите кои имаа повреди: Кирил Лазаров, Филип Талески и Филип Кузмановски, додека отсуствуваше Ацо Јоноски.

Македонската ракометна репрезентација со утрешниот претпладневен тренинг ќе ја комплетира оваа фаза од подготовките.