Другите пишуваат...
Манасков останува без трофеи: Унгарија го поништи првенството поради Ковид-19
Унгарската федерација донесе одлука да нема никаков пласман, ниту титула, ниту испаѓање од лигата, а за новата сезона во Европа, да се смета пласманот на табелата од претходната сезона. Унгарците решија да не прогласат шампион, со образложение дека сето тоа би било неферски, а одлуката доаѓа по серија консултации со клубовите, како и со здравствените власти и неизвесноста кога воопшто би имало шанса да се започне повторно со ракомет.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков нема сезонава да се радува на трофеи со својот Веспрем во домашното првенство, откако Унгарија ја поништи актуелната сезона поради пандемијата со коронавирусот.
Sport1.mk