Ракомет
Манасков претрпе тешка повреда – Ги скина лигаментите на коленото
Македонскио репрезентативец, доживеа тешка повреда на коленото, поради што ке мора подолго време да паузира.
За повредата на Манасков информира неговиот клуб Веспрем.
„За жал, лекарските прегледи го потврдија она од што сите се плашевме. Настрадаа предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Нашиот играч ќе мора на операција, долга пауза. Датумот и местото на постапката сè уште не се познати, така што не можеме да дадеме информации за детали за враќањето на нашиот ракометар. Дејан Манасков е стандарден член на нашиот тим од 2017 година. Постигна 27 гола на десет натпревари оваа сезона. Ние сме со тебе Деки и со нетрпение очекуваме да се вратиш што е можно поскоро!“ – стои во објавата на унгарскиот клуб.
Повредата и отсуството на Манасков е голем хендикеп за македонската репрезентација која на почетокот на следната година ќе учествува на Европското првенство.