Connect with us

Ракомет

Манасков се прости од Веспрем пред стотици фанови (ФОТО)

Дејан Манасков не го продолжи договорот со унгарски Веспрем, па следната сезона ќе има нов клуб. Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но со оглед на неговиот квалитет, сигурно нема да биде проблем да потпише за конкурентен тим.

Иако не успеаја да триумфираат на Ф4 во Келн, сепак фановите на Веспрем, а ги имаше стотици, приредија топло добредојде за ракометарите на тимот при нивното враќање од Германија.

Ова практично за Манасков е последната дружба со навивачите на Веспрем, но и ракометарите од овој клуб, бидејќи заминува.

Манасков има одиграно 160 натпревари во дресот на Веспрем и постигнато 548 погодоци. Во Унгарија пристигна пред пет години, од редовите на Рајн Некар Левен.

 

 

Реклама

Facebook