Ракомет
Манасков: Вакви мечеви се играат со глава, со срце, но очигледно немаме квалитет!
Дејан Манасков брутално искрен по мечот со Холандија и убедливиот пораз од 34:24. -Играме катастрофално. Пред натпреварот реков дека ако играме како со Норвешка ќе изгубиме 10 разлика, тоа и сњ случи. Немаме квалитет за вакви натпревари. Вакви натпревари се играат со концентрација, со глава, со срце, со изгубени глави не се игра на вакви натпревари. Ќе се обидеме да собереме сили да ја победиме Аргентина, вели Манасков.
Мечот со Аргентина се игра во вторник, а евентуална победа ќе донесе пласман во следна рунда.