Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед ги следи талентите во Германија, Рангник ја сака ѕвездата на Леверкузен

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник избра тројца играчи од родната Германија за зимската селекција на тимот, објавија медиумите на островот.

На врвот на листата е 18-годишниот плејмејкер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, кој импресионираше со своите игри од почетокот на сезоната и има 11 гола на 21 натпревар. Нејасно е дали „аспирините“ би биле подготвени да се разделат со играчот на сред сезона, но „црвените ѓаволи“ во јануари да испратат понуда вредна околу 60 милиони евра.

Вториот играч кој го заинтересира Рангник е левиот бек Лика Нец од Борусија Менхенгладбах. Може да игра исто како и играч од средниот ред. Третиот играч кој моментално се гледа е играчот од средниот ред Ерик Мартел. Дефанзивниот играч за врска на Австрија Виена често го споредуваат со Немања Матиќ, а за него е заинтересиран и РБ Лајпциг.

Четвртиот играч кој се споменува како потенцијално засилување е Армел Бела-Котчап. 20-годишниот централен дефанзивец е играч на Бохум и веќе некое време се поврзува со Челзи.

Реклама

Facebook

Реклама