Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед одлучи, Ливерпул се предомисли, нема да кратат плати

Манчестер Јунајтед соопшти дека нема да ги спроведува препораките на владата на Велика Британија за кратење на платите на персоналот вработен во нивниот клуб (тука не се сметаат фудбалерите и стручниот штаб). Како што соопштија од клубот, сите нивни вработени ќе продолжат да ја добиваат целата плата, но ќе има редуцирано работно време. Некои ќе работат од дома, други со скратено работно време, а во слободните часови волонтерски ќе работат во заедниците каде што живрат.

Ливерпул претходно се одлучи дека ќе ги почитува препораките на владата, но сепак во најновот соопштение се вели спротивното. Односно дека нивните вработени ќе добиваат целосни плати.

Владата на Велика Британија побара како дел од економските мерки да се редуцираат платите со цел да се ублажи финансискиот удар предизвикан од коронавирусот.