Фудбал
Манчестер Јунајтед одлучува за двајца англиски интернационалци
Манчестер Јунајтед сака на лето да ги ангажира англиските репрезентативци Хари Кејн и Мејсон Маунт.
Според „Гардијан“, клубот од Манчестер во најбрз можен рок ќе упати понуда за капитенот на Тотенхем. Ерик тен Хег сака нов напаѓач во тимот и Кејн е на врвот на неговата целна листа. Тука се и имињата на Виктор Осимен и Расмус Хојлунд. Освемен е проценет на 150 милиони евра, поради што Манчестер Јунајтед не може да си дозволи трансфер.
Јунајтед разбира дека нема да биде лесно да се убеди Даниел Леви да го пушти Кејн да си замине. Тој би можел да се обиде да го задржи Хари, иако неговиот договор е до летото 2024 година.
Постои можност Тотенхем да не го пушти Кејн ова лето и да го загуби бесплатно следната година.
Јунајтед верува дека потпишувањето на Кејн ќе ги направи кандидат за титулата. Затоа, клубот има намера да се обиде да преговара со Леви и да даде понуда на почетокот на преодниот рок, надевајќи се дека тоа ќе го убеди Леви да го пушти напаѓачот.
Тен Хаг е фокусиран и на засилување на средниот ред. Манчестер Јунајтед верува дека има добри шанси да го ангажира Мејсон Маунт од Челзи.