Фудбал
Манчестер Сити продолжи со голманот до 2026 година
Бразилскиот голман Едерсон потпиша нов договор со Манчестер Сити кој важи до јуни 2026 година, официјално објави клубот од „Етихад“.
Еден од најдобрите светски голмани дојде во Манчестер Сити во 2017 година од Бенфика и стана петтиот фудбалер оваа година што дополнително ја продолжи верноста кон Манчестер Сити. Пред бразилскиот 28-годишник, тоа го направија Де Бруин, Фернандињо, Стоунс и Рубен Диас.
Во врска со продолжувањето на договорот, Едерсон рече:
“Ова беше лесна одлука за мене. Секој фудбалер сака да биде во еден од најдобрите тимови во светот и да се бори за што е можно повеќе трофеи од сезона во сезона. Такво нешто е можно за мене во Манчестер Сити “, рече голманот на бразилската репрезентација кој има освоено три Премиер лига, ФА Купот, четири Лига купови и два Суперкупа на Англија во овој клуб.