Фудбал
Манчестер Сити со најмногу играчи на Светското првенство
Манчестер Сити е клуб со најмногу репрезентативци кои ќе учествуваат на Светското првенство во Русија ова лето.
Податоците се од најавените состави на помалку од еден месец пред почетокот на турнирот, а голем дел од нив се уште се проширени.
Во моментов, „граѓаните“ испраќаат 17 играчи на Мундијалот, по што следат Реал Мадрид со 16 и Барселона со 13.
Челзи (13) и ПСЖ (12) ги дополнуваат Топ 5, а меѓу првите десет се уште Тотенхем (12), Манчестер Јунајтед (11), Баерн Минхен (11), Јувентус (10) и Атлетико Мадрид (9). Арсенал и Ливерпул имаат седум претставници.
Како што е познато, Барселона пак стана првиот клуб во историјата кој ќе има по барем еден свој фудбалер во секоја од осумте групи на СП 2018.