Connect with us

Фудбал

Манџукиќ прифатил помала плата, следува трансфер во Јунајтед

Англискиот весник „Сан“ пишува дека Марио Манџукиќ ги намалил апетитите и дека прифатил половина од 300 илјади фунти неделна плата, колку што барал претходно и во јануари се очекува да се реализира неговиот трансфер од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Сепак, англискиот весник додава дека има и други бонуси кои ќе бидат вклучени во евентуалниот договор.

Иако има богати понуди од Кина, сепак Манџукиќ најверојатно ќе се одлучи да биде дел од Премиер лигата.