Connect with us

Тајмаут

Марадона скапо ќе го чинат испадите на трибините

Светската фудбалска федерација (ФИФА) најверојатно ќе му го укине статусот амбасадор на фудбалот на Армандо Диего Марадона, поради се почестите ексцеси кои ги прави за време на натпреварите.

Како што објавија светските медиуми, Марадона од натпревар со своето присуство како амбасадор на фудбалот заработува по 15.000 долари. таква улога тој има и на Мундијалот во Русија.

Во ФИФА не можат да поминат против непримерното поведение и проблемите кои ги создава легендарниот Аргентинец. Посебно се истакнува однесувањето на дуелот меѓу Аргентина и Нигерија кога Марадона покажуваше среден прст, а по крајот, најверојатно од предозираност со опојни средства му се слоши и стадионот го напушти придржуван од неговата придружба.

Останува да се види дали и следниот натпревар Марадона ќе го гледа како амбасадор на ФИФА или ќе му биде одземена таа титула.