Connect with us

Фудбал

Марио Балотели објави видео за Путин, па предизвика бурни реакции (ВИДЕО)

Марио Балотели повторно е во центарот на вниманието. И, како и во многу случаи, така и сега, не поради неговите фудбалски знаења, туку поради однесувањето. Имено, на социјалните мрежи тој објави видео од Владимир Путин и американскиот претседател Бајден, сакајќи јасно да алудира на однесувањето на двајцата претседатели во одредени ситуации. Тоа секако наиде на остри реакции и бројни критики, особено поради се уште актуелната војна помеѓу Русија и Украина.