Фудбал
Марка: Бензема нема да го напушти Мадрид
Најдобриот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го продолжи договорот со клубот на уште една сезона, објави весникот „Марка“. Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе никој не се сомнева дека актуелниот освојувач на Златната топка ќе остане во Мадрид.
Французинот повторно ужива во фудбалот, пишува „Марка“ и веќе сериозно размислува за уште една сезона со дресот на „кралевите“ во битката за трофеи.
Беше кажано дека Бензема размислува и за понуда од Саудиска Арабија. Сепак, милионите не ја променија неговата желба да ја продолжи соработката со Реал.
Во 2009 година Бензема дојде во Реал од Лион за 35 милиони евра. Со мадридскиот клуб за 14 години освои 24 трофеи и постигна 348 голови.