Connect with us

Други спортови

Маркез победник во Австралија, Довичиозо без бодови

Марк Маркез ја запиша шестата победа сезонава (или 35.та во кариерата) на 16.та трка откако победи на трката за ГН на Австралија . Шпанецот кој вози на Хонда беше најбрз во една возбудлива трка на која второто место му припадна на Валенстино Роси, за кого ова е прв подиум откако имаше скрѓеница на наогата. Третото место го освои Маверик Вињалес.

Андреа Довичиозо имаше грешка (пад) и од 10-то падна на 20-то место и остана без бодови.

Во генералниот палсман води Маркез со 269 бодови, пред Довичиозо со 236, Виналес има 219, а Роси кој се проби на четвртото место 188.