Connect with us

Фудбал

Марота за договорот на Икарди: Оптимист сум, нема да има проблеми

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота го прокоментира вчерашниот амбиент на „Џузепе Меаца“ против тимот на Беневенто. Иако го победија противникот со 6:2, „нероазурите“ не можеа да уживаат на поддршката од своите навивачите на трибините. Причината е изречената казна на Интер по расистичките скандирања кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали и ексцесите меѓу фановите на двата клуба надвор од стадионот.

– Италија не е расистичка земја и не е во ред да се затвори целиот стадион кога 95 отсто од граѓаните имаат право да уживаат во спектаклот. Знаевме дека против Беневенто нема да го искористиме факторот домашен терен. Затоа ни беше потребна дополнителна мотивација против ривал кој немаше што да загуби. Расизмот на стадионите? Вината не е само во спортот, туку на повисоко ниво. Мора да постои врска помеѓу владата и другите органи, со цел да се изгради култура, изјави Марота.

Екс-шефот на Јувентус, исто така, ја коментираше ситуацијата со новиот договор на Мауро Икарди. Во последните неколку дена има извештаи дека разликите меѓу двете страни се големи и аргентинскиот репрезентативец нема да го продолжи договорот.

– Споделив пред фановите на Интер да бидат смирени за новиот договор на Икарди. Таквите работи се нормални во фудбалот, особено кога истекуваат договорите на играчите. Мислам дека нема да има никакви проблеми. Двете страни имаат желба да продолжат со својата работа заедно, и ова е повод за оптимизам, заврши директорот на Интер.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com