Фудбал
Мартинез добива нов договор и двојно поголема плата
Според италијанските медиуми, агентот на Лутаро Мартинез е во Милано и ќе се сретне со спортскиот директор Бепе Марота. Тема ќе биде нов договор и поголема плата за Мартинез, кој игра солидно сезонава,
Актуелниот договор на Аргентинецот е со важност до 2023 година и заработува 1,5 милиони по сезона. Според новиот договор, тој на „Џузепе Меаца“ треба да остане до 2024 година со двојно поголема плата.
Сепак главната цел на средбата е остранување на откупната клаузула која изнесува 110 милиони евра и која Реал Мадрид и Барселона, кои покажаа интерес би можеле лесно да ја платат.